Полувреме: Работнички под Шара прво промаши пенал па си даде смешен автогол, Силекс си ја “делка“ Брера, Потук блеска во Штип…(ВИДЕО)

643

Завршија првите полувремиња од петте попладневни средби од 2.коло во ПМФЛ. Под Шара каде играат Шкендија и Работнички водат тетовци со 1:0 и тоа со автоголот на Аломеровиќ, кога буквално сам си ја внесе топката во мрежата откако несреќно реагираше сакајќа да ја извади топката од гол – линијата во таа 26.минута. Претходно Мазари не успеа од пенал да му донесе водство на Работнички во 17.минута кога на 0:0 шутираше во стативата.

Интересно, само во Струга нема голови. Шампионот и покрај иницијатовата засега не успева да ја “пробие“ одбраната на Беса.

Силекс си ја “делка“ Брера и тоа со 2:0 до 20.минута. Прво стрелаше Додев во 8.минута, за да потоа гол даде и Ѓорѓиевски, и двата со глава.

Потук блеска во Штип. Со двата на гола на Турчинот екипата на Гостивар води со 2:0.

Непосредно пред крајот на првиот дел и Тиквеш имаше водство против Воска со 1:0 со голот на Спахиу.

ПретходноНов удар за Аталанта – Лукман побарал трансфер во ПСЖ
СледноПауновиќ по поразот од Австрија: Борбеноста ме радува, сега сме многу поблиску до противниците