Судијата ја призна грешката која значеше пораз за Кристал Палас (ВИДЕО)

318

Судијата Сем Барет ја призна својата грешка што доведе до погрешно поништен гол за Кристал Палас во поразот на „орлите“ од Брентфорд со 2-1 во Премиер лигата.

Имено, при резултат 0:0 на почетокот на мечот, Езе шутираше од слободен удар, но судијата забележа прекршок врз Вил Хјуз уште пред топката да ја помине гол линијата.

ВАР немаше начин да интервенира, а репризите покажаа дека прекршокот беше многу повеќе за Палас, отколку врз домашните играчи. Тоа беше важен момент бидејќи потоа „орлите“ го загубија дербито.

По мечот Барет призна дека погрешил.

ПретходноФудбалер си замина сред натпревар за да не задоцни на свадба
СледноРеал „киксна“ на стартот на новата сезона во Ла Лига