Хорор-сцени: Фудбалер на Лил остана да лежи неподвижен на теренот, па беше пренесен во болница! (ВИДЕО)

363

Страшни, хорор – сцени од Франција го обиколија светот. Имено на мечот Ремс – Лил, фудбалерот на гостите Анхел Гомез, по еден судир со противнички играч остана да лежи неподвижен на теренот. Кога се виде дека ситуацијата е критична, веднаш дојдоа лекарските екипи. Ова се случуваше во финишот на првото полувреме од овој меч кој на крајот заврши со резултат 0:2 за Лил.

Инаку интернационалецот од Франција бил пренесен во болница, а неговата состојба била стабилна и дека бил свесен.

ПретходноСкандал во Турција: Физички нападнат првиот човек на Фенербахче! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноМатеј Цветаноски со деби – гол за Жељо!