Фудбалерите на Манчестер Сити со победа ја отворија новата сезона во Премиерлигата, откако на гости на Стемфорд Бриџ победија со 2:0 во дуелот со Челзи.
Стрелец на првиот гол беше Ерлинг Халанд во 17. минута, а Норвежанецот денеска го забележа 100. настап за Сити постигнувајќи го 91. гол.
Вториот гол на натпреварот го постигна Матео Ковачиќ во 84. минута.
Новиот тренер на Челзи, Енцо Мареска го извади најсилниот тим на кој смета во моментов, но и тој не беше доволен за да се изненади шампионот. Сепак, мора да се каже дека Челзи одигра сосема солиден меч, но недоволно за да се изненади најдобриот состав во лигата.
„Граѓаните“ во следното коло го пречекуват Ипсвич, додека Челзи гостува кај Вулверхемптон.
Haaland opens scoring!pic.twitter.com/XPBj2NsYfc
— PushGoals (@PushGoals) August 18, 2024
🏴 Chelsea 0-2 Manchester City | Kovacicpic.twitter.com/pmzacG2met
— PushGoals (@PushGoals) August 18, 2024