Аргентинска противничка за Лина на стартот од квалификациите за УС Опен

180

Најдобрата македонска тенисерка во моментов, Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото квалификациско коло од Грен слем турнирот УС Опен. Лина вечерва (22:00 часот) ќе игра против аргентинската тенисерка Хулија Риера.
Се работи за тенисерка која има 22 години и која е рангирана на 122 место на ВТА листата (како споредба Лина е на 193 место). На Ролан Гарос оваа година таа мина три квалификациски кола и загуби во првата рунда од главниот турнир.
Инаку оваа година ги освои трофеите од ИТФ фјучерсот во Визбаден, Германија во мај и ИТФ турнирот во Кијасо, Швајцарија во април.

ПретходноГоран Петрески – Чунга продолжува како шеф на струката во ФК Вардар!
СледноПотврдено и официјално: Горан Петрески – Чунга е новиот стратег на Вардар! (ФОТО)