По вчерашниот неубедлив и прилично слаб настап на гостувањето кај Мајорка, шпанските медиуми почнаа со анализа на играта на Реал (М) по доаѓањето на Мбапе. Голем дел од новинарите и аналитичарите го детектираат проблемот во промената на формацијата, која со доаѓањето на Мбапе сега изгледа многу повеќе 4-2-4, отколку 4-4-2.
„Со доаѓањето на Мбапе и заминувањето на Тони Крос, беше јасно дека тоа може да се случи“, пишува весникот АС. „Замената на организатор на играта со напаѓач носи тешкотии. Реал сега игра со двајца офанзивни играчи од средниот ред и тројца напаѓачи. На хартија, овој 4-3-3 треба да стане 4-4-2 во дефанзива, но сега повеќе личи дека е 4-2-4.“
„Мундо Депортиво“ пишува дека Реал Мадрид многу тешко доаѓа до напад и шут на гол, и покрај сите суперѕвезди во нападот. „Винисиус и Мбапе беа закана, но тие покажаа само дел од нивниот квалитет. Џуд Белингам се врати на својата сива верзија која ја покажа и на крајот од минатата сезона“, заклучи весникот.
Дури и Карло Анчелоти на прес-конференцијата по мечот дека нема рамнотежа во неговиот тим. „Не сакам да барам изговори. Едноставно моравме да направиме се подобро и со повеќе волја. Немаше рамнотежа, беше премногу отворено за игра. Ние сме многу напаѓачки тим, но мораме и подобро да се браниме“.