Успешно деби на Тиаго Мота: Јуве со убедлив триумф против Комо! (ВИДЕО)

155

Очекувано и заслужено. Јувентус на стартот на сезоната во Серија А со 3:0 славеше против Комо, со што ги освои трите бода на својот прв меч. Со ова успешно деби на клупата на гигантот од Торино, имаше и Тиаго Мота кој ја почна својата одисеја во таборот на “црно – белите“.

Се играше 23.минута кога по асистенција на Веа, Мбангула стрелаше за водство на Јуве од 1:0. Токму Веа во 45+1.минута постигна гол за 2:0, со тој резултат се замина на пауза.

Во вторто полувреме Јуве инсистираше и на трет гол, посебно Влаховиќ, кој и постигна во 47.минута но истиот му беше поништен од страна на ВАР.

И тој трет гол дојде во 90+1.минута кога Камбиасо постигна убав гол за конечни 3:0 и за радост на фановите на Јуве.

Комо на Цеск Фабрегас едноставно беше немоќен.

ПретходноДробаров со убав гол му донесе победа на Черно Море!
СледноВарди стрелец: Лестер и Тотенхем одиграа 1:1! (ВИДЕО)