Американецот Едвардс, ново име во Пелистер

92

Кошаркарскиот прволигаш Пелистер доведе ново засилување за новата сезона, овојпат на центарската позиција. Од клубот денеска потврдија дека потпишаа договор со Американецот, Мајк Едвардс.

Станува збор за 27-годишен кошаркар висок 206 сантиметри кој треба да биде од огромна помош за тимот на тренерот Александар Петровиќ во борбата под обрачите. Едвардс има богато искуство од настапи ширум Европа, а последната сезона ја минал во грузискиот прволигаш Ткибули Орби. Таму Американецот важеше за лидер во тимот, со просек од 15,5 поени 6,8 скокови и 1,1 блокада по натпревар.

Едвардс настапуваше за Универзитетот Џорџија во НЦАА-лигата се до 2019 година, по што има играно во Канада, од каде доаѓа во европската кошарка и има настапувано за екипи од Азербејџан, Русија, Косово и Грузија, за летово да пристигне и во македонскиот шампионат како член на Пелистер.

Едвардс е уште едно во низата засилувања на Пелистер откако претходно беа ангажирани и Андрија Бојиќ, Бобан Стајиќ, Виктор Ташовски, Петар Бошалески, Дамјан Крстевски, Димитар Пандев и американскиот бек Брајан Антоан.

ПретходноНаковски: Грците доаѓаат посилни од лани, ќе ни треба поддршка од трибините
СледноСамо ден по победата над Пелистер: Горазд Михаилов повеќе не е тренер на Вардар