Андреј Митревски и 10-та година ќе игра за Феникс

284

Капитенот Андреј Митревски останува во Феникс 2010 и со тоа го одбележува несекојдневен јубилеј во македонската кошарка – десет години во ист клуб.
Митревски му се приклучи на Феникс во 2014 година.
Андреј ги помина сите младински конкунреции предводејќи не до бројни трофеи на домашната и интернационалната сцена, беше клучен дел и историскиот тим со кој обезбедивме место во Првата лига, а изминатите три сезони одигра и 64 натпревари во елитниот домашен шампионат.
Нашиот капитен ни донесе и две големи победи против најтрофејниот македонски кошаркарски тим МЗТ Скопје, интересно, реализирајќи две тројки во завршницата на натпреварите кои беа одиграни во малата сала при СЦ „Јане Сандански“.
Неговиот придонес на, но и надвор од теренот е од непроценлива вредност за нас па горди сме што можеме да кажеме дека тој останува дел од Феникс фамилијата! “, соопштија од Феникс.

ПретходноПотврдено и официјално: Горан Петрески – Чунга е новиот стратег на Вардар! (ФОТО)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 2.КОЛО: Супер Марко ја “торпедира“ Брера