Она што беше јасно, сега е и официјално. Имено Лео Меси нема да биде во составот на селекцијата на Аргентина за септемвриските квалификации за СП 2026. Имено тој уште заздравува од повредата на Копа Америка каде неговата селекција го освои првото место.
Лионел Скалони денеска го објави списокот со играчи на кои смета за дуелите со Чиле (5 септември) и Колумбија (10 септември), а на него го нема капитенот на светскиот првак.
Инаку ова е списокот на Скалони за претстојните мечеви на Аргентина: