Фантастичен старт на Аталанта во Серија А во новата сезона. Тимот од Бергамо со 0:4 успеа да слави на гостувањето кај Лече. Сепак на почетокот од мечот не навестуваше ваков развој на настаните, домашните тргнаа добро, можеа и да поведат.
Сепак искусниот и квалитетен состав на стратегот Гасперини знаеше како треб. Брешианини во 35.минута донесе водство за гостите а истото беше удвоено од страна на Ретегуи во 45.минута.
На пауза се замина со 0:2 и се чини дека тука беше почетокот на крајот за Лече.
Гостите во продолжение од средбата со уште два гола ставија печат на оваа победа, стрелци беа истите оние од првото полувреме, Ретегуи и Брешианини за конечни 0:4 за Аталанта.