Според порталот „365Scores“, Барселона го понудила Илкај Гундоган на Ал Наср од Саудиска Арабија каде што игра Кристијано Роналдо. Меѓутоа, Гундоган одбил сакајќи да ја продолжи кариерата во Европа, а би сакал да се врати во Манчестер Сити од каде што дојде на „Ноу Камп“ минатото лето.
Претходно Гундоган ја информирал управата на Барселона дека сака да си оди од клубот, а од друга страна Пеп Гвардиола и Сити немаат ништо против за негово враќање меѓу „граѓаните“.
А Барселона сака да се ослободи од Гундоган што е можно побрзо, за да го регистрира Дани Олмо. Инаку германскиот репрезентативец има договор со Барса до 2025 година.