Виљареал – Атлетико Мадрид 2:2 е епилогот од последниот меч од 1.коло во новата сезона во Ла Лига, инаку 94-та по ред. И треба веднаш да се каже дека свое деби во дресот на “јорганџиите“ имаше Хулијан Алварез кој за 90 милиони евра дојде од Манчестер Сити. Аргентинецот влезе во игра во 78.минута на местото на Антоан Гризман.
Спектакуларно прво полувреме и релативно мирно второ.
Виљареал поведе со голот на Данјума во 18.минута, но гостите израмнија преку Љоренте две минути подоцна. Коке си даде автогол во 37.минута, а конечните 2:2 ги постави Серлот во 45+5.минута.