Гундоган нема веќе да игра за Германија!

82

И додека во последните денови се шпекулира со тоа дали ќе остане во Барса, дали ќе се пресели во С. Арабија или ќе се врати во Манчестер Сити, Илкај Гундоган ја изненади јавноста со тоа дека нема веќе да игра за селекцијата на Германија. Досегашниот капитен со емотивни зборови се прости од “пандеците“.

Ќе бидам фан на германската репрезентација и посакувам да дојде до титулата на следниот Мундија 2026. Имаме одличен тренер, многу добар тим и силна хемија. Благодарност до сите тренери и соиграчи кои беа со мене на ова извонредно “патување“. Ми беше чест! Ти благодарам, Германијо!“потенцираше покрај другото Илкај Гундоган.

Гундоган одигра вкупно 82 меча за “панцерите“ и постигна 13 голови.

ПретходноНова закана за одземање на бодови – сега на удар е Лестер!
СледноКоментар на 2.коло: „Дербито на Македонија“ за сите вкусови, само шампионот е максимален, тренерски смени…