Уште една одлична партија на нашиот интернационалец во дресот на Черно Море, Влатко Дробаров. Дефанзивецот на гостувањето кај Локо Пловдив постигна гол за триумф на својот тим.
Имени при резултат 1:1 во таа 82.минута по една нафрлена топка од корнерм, Македонецот убаво се снајде и ја затресе мрежата на Локо за водство од 1:2, а тој резултат остана до крајот на средбата. Зналчи Дробаров стрелаше за три бода за Черно Море.
Ова беше натпревар од 5.коло во елитната лига на Бугарија и втор гол сезонава за Влатко Дробаров кој важи за еден од најдобрите фудбалери во Черно Море.
Со оваа победа Дробаров и неговите соиграчи се на делба на второто место со 10 бода, два помалку од лидерот Левски.