Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе го напушта Реал Мадрид и по пет години се враќа во НБА лигата. 28-годишниот крилен центар висок 204 сантиметри е ново засилување за Филаделфија 76ерс со едногодишен договор вреден 2,1 милиони долари.
На неодамнешната Олимпијада во Париз, каде Франција го освои среброто по поразот од САД во финалето, Јабуселе имаше просек од 14 поени и беше втор водечки стрелец зад Виктор Вембањама. Особено добар беше во нокаут фазата, каде постигна 22 поени против Канада во четвртфиналето, 17 против Германија во полуфиналето и 20 против САД во финалето, со спектакуларното забивање над Леброн Џејмс.