Надал се уште не сака да зборува за пензионирање

70

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал наскоро би можел да ја заврши кариерата, но јавно се уште не сака да зборува за тоа.

38-годишниот Шпанец повторно пред новинарите истакна дека не сака да избрза со конечната одлука.

„Не брзам да одлучам за мојата иднина. Она што е сигурно е дека ќе играм на Лејвер купот, а потоа ќе видиме“, изјави Надал за Марка.

Рафаел Надал важи за еден од најдобрите и најуспешните тенисери во историјата на спортот со 22 грен слем титули, а повеќе од него има само Новак Ѓоковиќ, 24.

ПретходноСкопје го сака Вардар – „Дербито на Македонија“ пред 10.000 гледачи
Следно„Ефектот Мбапе“: Реал почна да игра 4-2-4, Белингем стана „невидлив“