Нова закана за одземање на бодови – сега на удар е Лестер!

133

Лестер вечерва игра против Тотенхем во 1.коло од новата сезона во Премиер лигата. „Лисиците“ кои се поранешни англиски шампиони, а пред неколку месеци се вратија во Премиер лигата се на удар на Фудбалската асоцијација поради нарушување на финансискиот фер плеј.
Минатата сезона, додека клубот играл во Чемпионшип, потрошол многу повеќе од предвиденото. Во периодот од 2020 до 2023 година Лестер е во минус од 215 милиони фунти, а само во сезоната 2022/23 забележал загуба од 105 милиони.
За вакво нешто минатата сезона Евертон беше казнет со одземање на поени. Во септември е најавено сослушувањето во врска со случајот на Сити и нивните прекршување на финансиските правила.

ПретходноФулам ја плаќа клаузулата и го носи Мектоминеј во своите редови
СледноГундоган нема веќе да игра за Германија!