Кога твојот тим ќе победи со 4:0 и тоа против Брера, а ти постигнеш хет – трик тогаш јасно е дека нема дилеми дека заслужуваш да бидеш играч на колото. А тоа е Марко Ѓорѓиевски со три гола просто ја декласира Брера, инаку некогашен негов тим.
Силекс одигра навистина добро, а покрај Ѓорѓиевски, според “СпортСпорт“, место во тимот на 2.коло се и Ангелески и Брауновиќ.
Од Вардар, кој победи во дербито со Пелистер, во тимот на колото се Гачевски, Донгмо и Дианеси. Работнички на гости кај Шкендија беше одличен и затоа Мазари и Садик се во идеалниот состав. Тука се и Радиќ (Струга ТЛ), Потук (Гостивар) и Спахиу (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ
Тим: Силекс
Роден: 18.04.2000 во Скопје
Кариера: Вардар, Борец, Вождовац, Раднички Пирот, Шкупи, Брера, Силекс