Од утре па се до сабота (20-24 август), ќе се одржи летниот ракометен турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид. Тоа ќе биде трет по ред а споре имињата на учесниците тоа ќе биде најквалитениот турнир ова лето во Македонија.
Во салата “Билјанини Извори“ ќе настап осум екипи, од кои три домашни и тоа Охрид, Алкалоид и Вардар, како и пет странски и тоа Динамо Панчево, Ловќен, Олимпијакос, Цеље и Партизан.
Во едната група се Алкалоид, Динамо Панчево, Ловќен и Олимпијакос, а во втората Охрид, Вардар, Партизан и Цеље.