Фулам ја плаќа клаузулата и го носи Мектоминеј во своите редови

514

Фулам е спремен да плати 30 милиони фунти и од Манчестер Јунајтед да го донесе во своите редови Скот Мектоминеј. Шкотланѓанецот има толкава откупна клаузула која Фулам е подготвен да ја плати, па се очекува двете страни да се договорат во наредните денови.
Ако го продаде Мектоминеј во Фулам, тогаш Манчестер Јунајтед ќе има доволно финансиски средства за ангажман на Мануел Угарде од Пари Сен Жермен.
Мектоминеј е дете на Јунајтед, а за првиот тим игра од 2017 година. За Шкотска има 52 натпревари и 9 голови.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Комити го “запалија“ Скопје!
СледноНова закана за одземање на бодови – сега на удар е Лестер!