Хрватска со Лука Модриќ и Иван Перишиќ во Лигата на нации

267

По испаѓањето од групите на Европското првество, селекторот Златко Далиќ имаше остана без Домагој Вида и Марсело Брозовиќ кои ја завршија кариерата во репрезентацијата. Пред Хрватка се мечевите од Лигата на нациите против Португалија во Лисабон и Полска во Осиек.
Далиќ го објави списокот за тие натпревари, па се потпре на Лука Модриќ и покрај тоа што играчот на Реал има веќе 39 години. На списокот ги нема Марко Пјаца и Марко Пашалиќ, а нови играчи се Петар Сучиќ од Динамо и напаѓачот на Ајнтрахт Игор Матановиќ кој доаѓа на местото на повредениот Никола Влашиќ.

Далиќ го стави Иван Перишиќ и покрај тоа што пред неколку денови раскина со Хајдук, претходно беше суспендиран поради недисциплина и моментално е без клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hrvatski nogometni savez (@hns_cff)

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 2.КОЛО: Супер Марко ја “торпедира“ Брера
СледноЗлатко Мојсовски стави крај на ракометната кариера