По вчерашниот пораз од екипата на Гостивар од 2:0 и неубедливиот настап во првото коло од новата сезона во ПМФЛ во кој успеаја да освојат само бод на мечот со Воска Спорт, првите луѓе на Шкупи му врачиле отказ на тренерот Ернест Ѓока.
Одлуката треба да биде потврдена денеска. Тоа значи дека чаирчани веќе се во потрага по ново тренерско решение кое ќе успеа да ја стабилизира екипата и да ја врати на посакуваните патеки.
Шкупи во рамките на 3. коло од ПМФЛ го очекува дербито со Вардар.