Јан Зомер повеќе нема да брани за репрезентацијата на Швајцарија

198

Голманот на Интер, Јан Зомер повеќе нема да брани за селекцијата на Швајцарија. Неговото официјално збогување пристигнува по дванаесет години поминати на голот на швајцарскиот национален тим.

Голманот на Интер по дванаесет години реши да ја напушти швајцарската репрезентација со соопштение објавено на социјалните мрежи.

„По внимателно разгледување, решив да ја завршам кариерата како голман на швајцарската репрезентација. Беше голема чест и привилегија да ја претставувам мојата земја дванаесет години на 94 меѓународни натпревари на највисоко ниво. Многу ми значеше времето поминато во репрезентацијата. Со гордост се навраќам на многуте незаборавни моменти, на возбудливите натпревари, на победите што ги славевме заедно и на предизвиците што ги надминавме заедно. Репрезентацијата е важен дел од мојот живот уште од мојата 15-та година“, рече меѓу другото Зомер.

ПретходноИмаше забивање преку Леброн, па веднаш направи трансфер во НБА
СледноГоран Петрески – Чунга продолжува како шеф на струката во ФК Вардар!