Во интересен меч, последен од 1.коло во Премиерлигата, Лестер и Тотенхем вечерва одиграа 1:1. Гостите од Лондон имаа повеќе шанси, ја диктираа играта во поголем дел од мечот, но сепак не успеаја да слават, а за тоа виновен е легендарниот Џејми Варди, искусниот напаѓач на “лисиците“ кој во 58.минута постигна гол за конечни 1:1.
Претходно во првото полувреме, Поро во 29.минута му донесе водство на гостинот.
Покрај тоа што не успеаја да освојат три бода, за гостите лоша вест е и повредата на Бетанкур кој во 78.минута мораше да биде заменет.
JAMIE F*CKING VARDY THIS IS PREM HERITAGE pic.twitter.com/ZF66lSCnZ9
— Frank🧠🇳🇱 (fan) (@TenHagEra) August 19, 2024