Конте по дебаклот на Наполи: Треба да се срамиме од ова што го прикажавме

332

Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, по поразот на неговиот тим од Верона (3:0) изјави дека треба секој од играчите кои беа дел од овој натпревар во неговиот тим треба да се засрамат од  настапот, а воедно и тој како тренер на тимот.

„Оние кои ме познаваат, знаат дека моето срце крвари денеска, а се надевам дека и некои играчи исто така, бидејќи тоа барем би значело дека сме на вистинскиот пат. Треба да им се извиниме на луѓето во Неапол, кои страсно не следат. Јас сум тренер и правилно е да ја преземам целосната одговорност. Нашиот настап во второто полувреме беше неприфатлив“, рече Конте.

Конте го презеде Наполи во јуни, станувајќи четврти менаџер за само една година по заминувањето на Лучијано Спалети, кој го предводеше тимот на Наполи до титулата во Серија А по повеќе од 30 години.

ПретходноРеал „киксна“ на стартот на новата сезона во Ла Лига
СледноРеал за првпат не победи на стартот на сезоната во ерата на Анчелоти