Шпанскиот тенисер Рафаел Надал наскоро би можел да ја заврши кариерата, но јавно се уште не сака да зборува за тоа.
38-годишниот Шпанец повторно пред новинарите истакна дека не сака да избрза со конечната одлука.
„Не брзам да одлучам за мојата иднина. Она што е сигурно е дека ќе играм на Лејвер купот, а потоа ќе видиме“, изјави Надал за Марка.
Рафаел Надал важи за еден од најдобрите и најуспешните тенисери во историјата на спортот со 22 грен слем титули, а повеќе од него има само Новак Ѓоковиќ, 24.