Англискиот премиерлигаш Брајтон го објави трансферот на Жоржињо Рутер кој дојде од редовите на Лидс Јунајтед. Трансферот е рекорден за „галебите“ и изнесува 40 милиони фунти. 22-годишниот бразилскиот играч потпиша петгодишен договор.
Рутер постигна осум голови во 66 настапи за Лидс по трансферот од Хофенхајм во јануари 2023 година, а тогаш клубот од Западен Јоркшир го собори клупскиот трансферен рекорд од 36 милиони фунти.
Се работи за крилен напаѓач кој е од школата на Рен. Ги има поминато сите младински репрезентации на Франција од У16 до У21.