Неверојатна трансформација на младиот дефанзивец на Јувентус, Федерико Гати. Момчето чија што фудбалска кариера се споредува со модерна бајка пред неколку години играше во аматерските лиги додека работел разни други работи.
Гати на мечот со Комо во 1 коло од Серија А беше капитен на Јувентус. Нешто што ни на сон не можел да го замисли.
„Кога го напуштив домот за фудбалот имав 20 години, а не ни помислив дека ќе се вратам во Торино. Место тоа, завршив во Јувентус, сон на секое момче. Се сеќавам кога се шегував со моите соученици кога им велев дека се замислувам како играч на Јувентус, а се согласував со нив кога ми велеа дека сонувам“, вели Гати кога го продолжи договорот со Јуве до 2028 година.
Го напуштил училиштето на 17 години и почнал да работи за да допринесе за неговата фамилија откако татко му бил отпуштен од работа. Работел како ѕидар, поправал кровови, во компанија за изработка на прозорци и во маркети, а потоа играл фудбал.
Како дете тренирал во Торино и во Алесандрија каде што во 2014 година е прекомандуван во првиот тим. НО не игра затоа што е позајмуван во аматерските клубови на Павароло и Салуцо се до 2018 година кога потпишува постојан договор за Вербанија исто така тогашен аматерски клуб. Потоа во Про Патриа, во 2021 година заминува во Серија Б и во Фросиноне од каде што почнува неговиот подем.
По само една сезона во овој клуб, Јувентус во него препозна квалитет и го донесе во своите редови.
Во две сезони Гати одигра вкупно 64 натпревари и постигна шест голови, а оваа сезона тренерот Тијаго Мота го назначи за еден од капитените на Јувентус. Па така лентата ја носеше на мечот со Комо.
За него велат дека наликува на Џорџо Киелини.
From Serie D in 2020.. To.. Captaining the most prestigious club in Italy.. 🖤🤍
Federico Gatti’s story is truly inspirational. Never ever give up. 👊🔥 pic.twitter.com/i6YpfRAFI3
— Forza Juventus (@ForzaJuveEN) August 20, 2024