Синер двапати бил под допинг во март, избегнал суспензија поради контаминирани примероци?!

422

Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA) објави соопштение за медиумите во кое се наведува дека италијанскиот тенисер и моментно светски рекет бр. 1, Јаник  Синер имал два позитивни допинг тестови во март. Тој избегна дисквалификација бидејќи примероците биле контаминирани со спреј што неговиот физиотерапевт го користел за лекување на исеченица на сопствениот прст.

Адвокатот Џејми Сингер, кој ги застапува интересите на првиот светски рекет, даде изјава по објавувањето на скандалот.

„Правилата за анти-допинг мора да бидат многу строги за да бидат ефективни. За жал, ова води до фактот дека понекогаш сосема невините спортисти потпаѓаат под овие правила. Нема сомнеж дека Јаник е невин во ова прашање. ITIA не го оспорува овој клучен принцип. Сепак, според правилата, Јаник е одговорен за сè што имало во неговото тело, дури и ако тој е целосно несвесен за тоа“, рече Сингер.

ПретходноИ ПСЖ крена раце од Санчо: Англичанецот ќе мора да остане на „Олд Трафорд“
СледноЦветаноски и Деспотовски избрани во „Тимот на колото“ во БиХ и во Молдавија