И дефинитивно Челзи е најлудиот клуб во Европа, па и во светот. Со доаѓањето на чело на некогашниот двоен европски првак на Тод Боли потрошени се тешки милијарди, а успеси и резултати ни за лек.
Играчкиот кадар брои околу 45 фудбалери, тренерот Мареска се жали дека не може ни адекватен тренинг да одработи, а засилувањата пристигнуваат како на лента.
Па така и дефинитивно купен е Жоао Феликс од Атлетико, во Мадрид ќе оди Галагер. Се посакува Осимен, па и и Киеза, но затоа по секоја цена “сините“ сакаат да го “откачат“ Рахим Стерлинг иако тој важеше за еден од најдобрите играчи на Челзи во минатата сезона.
Има интерес од неколку клубови од Премиерлигата, се споменуваше дури и Јувентус, но проблем е неговата плата која изнесува нешто повеќе од 15 милиони евра годишно.