Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, еден од најдобрите спортисти во историјата, омилен е на овие балканска простори, но не секогаш во својот живот и во својата кариера имал само убави моменти.
Па така неговата мајка Дијана, во едно свое интервју раскажувајќи некои работи што не и се познати на јавноста, потсети и на случувањата од 2009 година кога Новак, но и целото семејство Ѓоковиќ си имале големи проблеми:
“Во Лондон во 2009 година сите бевме чувани од страна на Скотланд Јард. Причината зошто до Новак од страна на Албанската мафија доаѓаа закани поради фактот дека мојот син во повеќе наврати ја поддржа акцијата “Косово е Србија“. Јасно е дека стравувавме за своите животи, навистина беше страшно. Потоа сите се прашуваа зошто загуби од Марат Сафин, а никој не знаеше под каков притисок е тој“ откри непознати детали мајката на Новак за својот син.
Veliki si Novače ❤️ pic.twitter.com/gJt1bsVAo0
— Nina Krunić (@nina_krunic) August 19, 2024