Алкалоид победнички на стартот на Меморијалот „Крсте Андоновски“ во Охрид

108

Ракометарите на Алкалоид победија на отварањето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид против српскиот состав Динамо Панчево со 27:22. Одличното прво полувреме во кое освојувачот на Купот на Македонија направи предност од 16:9, се чини дека беше клучен дел од победата на мечот.

Во редовите на Алкалоид одлично издание имаше Никола Костески со шест гола, додека Мартин Серафимов постигна 5 погодоци. И на овој меч своите извонредни квалитети ги покажа младиот голман Галевски кој нанижа 11 интервенции.

ПретходноБашкими минимално славеше на гостувањето кај Борец
СледноКапитенот оптимист: Со Грците ќе биде едно „Ел Класико“ на кое одиме на победа!