Вардар побара од Шкупи спектакл на Арената, “сините“ вратија со: “Ве чекаме на Чаир“!

9618

Во недела во меч од 3.коло во ПМФЛ се среќаваат старите скопски ривали, Шкупи и Вардар. Секогаш овие мечеви биле нешто посебно во минатото, на овие мечеви се определува кој ќе биде фраерот во главниот град.

Ако се знае дека на стадионот на Чаир теренот се реновираше, затоа и Шкупи во првото коло со Воска играше на Маџари, раководството на Вардар излезе со интересен предлог.

А тој е овој меч да се одигра на Националната Арена “Тодор Проески“, да биде спектакл, нешто слично како што беше во неделата меѓу нашиот најтрофеен клуб и Пелистер во “Дербито на Македонија“.

Тоа би значело да има присуство на двете навивачки групи, Комити и Шверцери.

Одговорот од Шкупи е: “Ве чекаме на Чаир“. Значи и дефинитивно ова големо скопско дерби ќе се игра на стадионот на Чаир. Не се сомневаме дека двете трибини на овој стадион ќе биде преполн.

Вардар е “магнет“ и за фановите на противничките клубови.

ПретходноВинисиус во мисија – реновира напуштено училиште во Бразил
Следно“Јас имам една титула, а вие НУЛА“! (ВИДЕО)