Без поголеми проблеми, ракометарите на Вардар остварија победа во последниот меч на првиот ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсто Андоновски“ во Охрид. Вечерва „црвено-црните“ славеа со 34-21 против домаќинот на турнирот.
Вардар уште ви првите 30 минути покажа дека е решен брзо да го реши прашањето на победникот. Вардар на домир замина со 7 гола разлика, а во второто полувреме и со променет состав успеа да ја зголеми разликата.
Николиќ со 4 гола беше најефикасен кај Вардар, додека кај Охрид Јукиќ постигна 5 гола. Вардар утре се среќава со Партизан, додека Охрид ќе игра со Целје.