Винисиус во мисија – реновира напуштено училиште во Бразил

84

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор си постави мисија да реновира напуштено јавно училиште во Бразил. „Глобо Еспорте“ информира дека 24-годишниот фудбалер се вклучил во проектот за реновирање на училиште во родниот град Сан Гонзало во државата Рио де Женеиро. Фудбалерот ќе даде 20 милиони бразилски реали односно околу 3,3 милиони евра за да се реализира овој проект.

Посоченото училиште е затворено десет години, а на негово место ќе „никне“ нов едукативен центар кој ќе може да прими пет илјади луѓе и бесплатна едукација и шанса да се учествува во научни, спортски и културни активности.
Треба да се напомене дека Винисиус е основач на Вини Институт – платформа која нуди едукација на сиромашни студенти во Бразил.

ПретходноСинер ја освои титулата во Синсинати!
СледноВардар побара од Шкупи спектакл на Арената, “сините“ вратија со: “Ве чекаме на Чаир“!