Дивок Ориги доби дозвола да си оди од Милан

147

Белгискиот интернационалец Дивок Ориги си заминува од „Сан Сиро“. Милан му дал дозвола на напаѓачот да си оди како слободен играч и покрај тоа што тој има договор на уште две години. Минатата сезона тој ја помина како позајмен во Нотингем Форест но во 20 настапи не постигна ниту еден гол.
Од Милан не го сакаат па му даваат одврзани раце да си побара нов клуб. Па така се отвораат опции за трансфер во Саудиска Арабија, американската МЛС или Катар.
Ориги пред да дојде во Милан играше за Ливерпул, а потоа и како позајмен во Лил и Волфсбург. Лил му е матичен клуб.
За Белгија има 32 настапи и три гола.

ПретходноВеселин Вујовиќ е нов селектор на Катар!
СледноАлбанската мафија му се заканувала на Ѓоковиќ! (ВИДЕО)