Новиот италијански прволигаш Комо сака да го донесе во своите редови играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, пренесува спортскиот новинар Џанлука Ди Марцио. Неодамна Барселона објави дека се разделуваат со 32-годишниот фудбалер кој одиграл 343 натпревари за овој клуб од кои 24 минатата сезона.
Неговата вредност на пазарот е околу 2,5 милиони евра.
Комо се потпира на искусни играчи сезонава во најсилната италијанска лига, па така во тимот се Симоне Верди, голманот Пепе Реина, Рафаел Варан, Симоне Верди, Алберто Морено, Андреа Белоти… Тренер е Цеск Фабрегас.