Легендарниот голман на Германија сака да игра на СП 2026

142

Легендарниот голман на германската фудбалска репрезентација Мануел Ноер планира да продолжи да ги брани боите на државниот тим и на СП 2026 година. Според германскиот спортски новинар Кристијан Фалк, голманот на Баерн не планира да стави крај на кариерата во репрезентацијата.
Тој се надева да добие мал одмор од играњето во националниот тим, а при крајот на годината да се врати меѓу диреците. Германија во септември ќе игра два меча од групната фаза во Лигата на нациите – со Унгарија и Холандија, а 38-годишниот голман сака да одмори. На негово место ќе брани Тер Штеген.
Но Ноер се надева дека ќе биде викнат на следните натпревари.

ПретходноПлеј-оф во ЛШ: Ристовски и Адеми со Динамо влегуваат како фаворити против Карабах
Следно„Флекс кредит”: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци