Лина Ѓорческа, нашата најдобра тенисерка доживеа пораз на стартот од квалификациите за УС Опен. Македонската тенисерка во 1.квалификациско коло беше поразена со 0:2 во сетови од Хулиа Реина од Аргентина.
Во првиот сет Ѓорческа и Реина водеа голема битка, сетот траеше повеќе од еден час, но на крајот Аргентинката го доби во тај-брејкот со 4:7. Во вториот сет противничката на Лина беше подобра и со 3:6 во гемови го доби и овој втор сет за конечни 0:2 и за победа и пласман во следната рунда.
Ова значи дека нашата тенисерка е елиминирана уште на стартот од квалификациите за УС Опен.