ОФМ ги отвора вратите на „Јане Сандански“: Влезот за мечот со Грција в недела ќе биде слободен!

433
фото: CEV.lu

Поради важноста на натпреварот в недела против репрезентацијата на Грција кој нашите одбојкари ќе го одиграат на домашен терен во СЦ „јане Сандански“, Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука влезот во арената да биде слободен.

Ова е одличен потег на ОФМ која ќе се обиде да им овозможи на сите заинтересирани фанови да бидат во „Јане Сандански“ и да им дадат голема навивачка поддршка на нашите одбојкари, за кои овој меч со Грција може да биде и клучен на патот кон ново учество на Европските првенства.

Македонија во саботата на стартот на квалификациите за ЕП 2026 убедливо со 3:0 ја совлада Грузија, а за работата да биде уште појасна во квалификациската група „Ф“ треба да се обидеме да освоиме барем еден бод на дуелот со Грците, што значи дека ќе ни бидат потребни најмалку два сета. Одбојкарите се оптимисти и се надеваат дека со полна сала дуелот со Грција ќе биде голем предизвик и шанса за нов успех на оваа малку променета генерација на нашата одбојкарска репрезентација.

ПретходноПо три години во НБА се врати во Реал Мадрид
СледноБосанскиот голман на 37 години се враќа во Премиер лигата