Раководството на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид потври дека по три години, центарот Усман Гаруба се врати во Мадрид. Гаруба потпиша договор до 2027 година, со можност да биде продолжен на уште две сезони.
Гаруба играше за Реал од 2013 до 2021 година, а потоа играше за Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс во НБА лигата.