Македонскиот голман Столе Димитриевски ќе се соочи со проблем во смисол на минутажа во Валенсија бидејќи минатосезонскиот чувар на мрежата Георги Мамардашвили ќе остане во клубот.
Имено, Валенсија преговара со Ливерпул околу трансферот на Грузиецот на „Енфилд“, но бидејќи „Црвените“ го имаат Алисон на голот ќе го откупи за 30 милиони евра со тоа што ќе го остави на „Местаља“ на желба на Валенсија.
Инаку, Ливерпул планираа уште ова лето да го купат овој голман, а потоа да го испратат во Борнмут. Но Валенсија побарала тој да остане.
Па нашиот голман се најде во проблем. Тој отиде во Валенсија како замена за Мамардашвили затоа што Валенсија планираше да го продаде.