ПСЖ поради Мбапе може да остане без европска лиценца?!

159

И дефинитивно Килијан Мбапе и ПСЖ не се разделија на пријателски начин. Како што пренесуваат медиумите во Франција, “светците“ се соочуваат со проблеми. Имено Мбапе бара најмалку 55 милиони евра, она што ПСЖ како долг за последните три месеци не му го исплатил. Со ова негово барање биле запознаети и правната комисија на Лига 1, но и самата УЕФА.

Инаку пред извесно време се говореше дека ПСЖ му е должен на Мбапе цели 100 милиони евра, во меѓувреме таа сума се прополовила.

Од ПСЖ велат дека нема тие што да му плаќаат на нивниот некогашен играч, но ако Лига 1 и УЕФА увидат дека му се должи на Мбапе тогаш јасно е дека ПСЖ го чекаат санкции.

Како прво клубот од Париз би се казнил со забрана за трансфери, а потоа и со одземање на европската лиценца, а тоа значи дека нема иограње во Лига Шампиони.

Сепак ретко кој верува во вакво нешто ако се знае влијанието на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, што го има има во УЕФА.

Претходно“Бомба“: Барселона тргнува по Рафа Леао!
СледноДвојки за 1/16 финале во Купот: Вардар на гости во Новаци, Струга ТЛ кај Слога, Работнички во Арачиново