Само што го купи, Милан останува без Мората најмалку три недели

167

Голем „пех“ за Милан на самиот старт на сезоната. Освен што едвај се спаси од пораз и тоа дома од Торино, Милан на првиот меч го загуби новото засилувањето во нападот, Алваро Мората. Капитенот на шпанската репрезентација се повреди на дебито за Милан против Торино, каде постигна гол во 89. минута.

Според италијански извори, напаѓачот го повредил квадрицепсниот мускул и со сигурност ќе мора да паузира 3 недели.

Тој нема да може да игра против Парма и Лацио, а нема да биде повикан за септемвриските натпревари на Шпанија против Србија и Швајцарија.

Периодот на опоравување ќе биде најмалку 3 недели, а пред почетокот на натпреварот против Торино, Алваро веќе најавил дека има некаква непријатност, но се решил сепак да настапи.

ПретходноКапитенот оптимист: Со Грците ќе биде едно „Ел Класико“ на кое одиме на победа!
СледноИ ПСЖ крена раце од Санчо: Англичанецот ќе мора да остане на „Олд Трафорд“