Синер ја освои титулата во Синсинати!

221

Јаник Синер, светскиот рекет бр.1, успеа да дојде до титулата на Мастерсот во Синсинати. Италијанецот со 2:0 во сетови славеше во финалето и тоа против домашниот тенисер Френсис Тиафо, со што дојде до уште еден трофек во својата кариера.

Во првиот сет Синер мораше и тоа како да го скрши отпорот на својот ривал дури во тај-брејкот со 7:4, за да во вториот сет беше полесно за Италијанецот за 6:2 и за конечна победа и триумф на овој силен турнир.

Синер покажува дека е во добра форма во пресрет на УС Опен. Инаку тој за првпат доаѓа до титулата на овој турнир, а по вторпат годинава доаѓа до титула на еден Мастерс откако претходно го освои Мајами.

ПретходноЛина со пораз во квалификациите за УС Опен!
СледноВинисиус во мисија – реновира напуштено училиште во Бразил