Фантастично: Дали е ова голот на годината?! (ВИДЕО)

673

Од Бразил ни доаѓа гол кој секако дека ќе биде кандидат за гол на годината, за наградата “Пушкаш“ која ФИФА ја доделува на играчот кој ќе биде стрелец на најспектакуларниот погодок во една година.

Утринава на мечот Крузеиро – Виториа во Бразил, кој заврши со резултат 2:2, домашниот напаѓач Алерандро постигна неверојатен гол со ножички, кој секако дека треба да се види во повеќе наврати.

Нема што, спектакуларно.

Сепак ни тие 2:0 не беа доволни домашните да слават зошто до крајот на мечот гостите постигнаа два гола за конечни 2:2.

Сепак во сеќавање ќе остане мајсторијата на Алерандро.

ПретходноДвојки за 1/16 финале во Купот: Вардар на гости во Новаци, Струга ТЛ кај Слога, Работнички во Арачиново
Следно“Меси и Кристијано се далеку зад Роналдо!“