Јунајтед го нуди Ериксен на еден од поранешните клубови

257

Манчестер Јунајтед на Ајакс му го предложил играчот од средниот ред Кристијан Ериксен, соопштува „Атлетик“. Ериксен преку амстердамскиот клуб се проби во професионалниот фудбал, а во 2013 година прејде во Тотенхем.
Според информацијата Јунајтед побарал 5 милиони фунти за овој играч.
Инаку Данецот има 32 години и е под договор со Јунајтед до крајот на сезоната. Тој не играше против Фулам во 1 коло од новата сезона во Премиер лигата, како и на мечот со Сити во Комјунити шилд.
Јунајтед и Ајакс имаат добри врски затоа што холандскиот клуб испрати неколку играчи на „Олд Трафорд“. Од тука тренерот Тен Хаг му го понудил Ериксен на Ајакс.

ПретходноБертанс се враќа во Европа и го облекува дресот на Реал?
СледноВардар со убедлива победа над домаќинот на турнирот во Охрид