Бертанс се враќа во Европа и го облекува дресот на Реал?

153

Летонскиот кошаркарски репрезентативец Дејвис Бертанс е на пат да се врати во Европа. Кошаркарот кој веќе неколку сезони настапува во НБА лигата деновиве добил одлична понуда од шпански Реал Мадрид, кој е подготвен да потпише договор со него.

Според инсајдерот Матео Андреани, мадридскиот клуб му дал понуда на Бертанс (31 година, 208 см), па дури е подготвен и да го почека неговиот одговор, затоа што Летонецот се уште чека одговор од НБА клубовите со кои разговарал.

Бертанс минатата сезона играше за Шарлот на 28 натпревари со просек од 8,8 поени и 1,8 скока.

Летонскиот репрезентативен напаѓач беше ослободен од Шарлот откако ја искористи опцијата за продолжување на договорот за сезоната 2024/25 во вредност од 5,3 милиони долари.

ПретходноЦветаноски и Деспотовски избрани во „Тимот на колото“ во БиХ и во Молдавија
СледноЈунајтед го нуди Ериксен на еден од поранешните клубови