Вардар со убедлива победа над домаќинот на турнирот во Охрид

160

Без поголеми проблеми, ракометарите на Вардар остварија победа во последниот меч на првиот ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсто Андоновски“ во Охрид. Вечерва „црвено-црните“ славеа со 34-21 против домаќинот на турнирот.

Вардар уште ви првите 30 минути покажа дека е решен брзо да го реши прашањето на победникот. Вардар на домир замина со 7 гола разлика, а во второто полувреме и со променет состав успеа да ја зголеми разликата.

Николиќ со 4 гола беше најефикасен кај Вардар, додека кај Охрид Јукиќ постигна 5 гола.  Вардар утре се среќава со Партизан, додека Охрид ќе игра со Целје.

ПретходноЈунајтед го нуди Ериксен на еден од поранешните клубови
СледноЛШ: Динамо (З) на чекор до групите, Ц. Звезда ќе се „вади“ во Белград